Прилеп

Работничка правда и носталгија

01.05.2023 10:44

Вечна е битката за работничките права и правдата. Ама голем број прилепчани со носталгија се сеќаваат на поранешните времиња. И на работата и на задоволството од мајските традиционални излети…

Прилепчанецот Владо Јошески работниот век го поминал во поранешниот гигант ЗИК Прилеп. Со носталгија се сеќава на времињата. Други беа работничката правда и радоста на работникот.

Излетите имаа децениска традиција. Семејно, масовно, весело.

И поранешниот прилепски инспектор по труд, Тодор Алексоски ја прави својата паралела. Тешко им паѓаат големите социјални разлики.

Почитување и спроведување на законите и колективните договори, повисоки плати и грижа за работничките права, смета Лазар Ангелески, долгогодишниот претседател на прилепскиот синдикат.

Битката за работничките права е вечна. А, носталгична е работничката радост за првомајските празници.

Елизабета Митреска