Брисел
Украинското жито може во ЕУ
01.05.2023 09:08
Европската комисија објави дека постигнала договор со пет земји од ЕУ, меѓу кои и Полска и Унгарија...

Брисел најави договор за увоз на украински житарки, што, како што вели, ја штити украинската економија и егзистенцијата на земјоделците од Европската унија.
Европската комисија објави дека постигнала договор со пет земји од ЕУ, меѓу кои и Полска и Унгарија, со кој се гарантира транзитот на украинското жито по забраните за увоз наметнати од тие земји, кои Брисел ги смета за „неприфатливи“.
Договорот го чува и извозниот капацитет на Украина.
