Унгарија
Ватикан во тајна мисија за мир во Украина
01.05.2023 09:42
„Подготвен сум да направам се што треба да се направи. Има мисија што е во тек, но не е јавна. Кога ќе биде вистинското време, ќе ја откријам“, изјави папата Франциск.
Ватикан е вклучен во тајна мировна мисија во Украина, во обид да се стави крај на конфликтот меѓу Украина и Русија. Папата изјави дека во тек е тајна мисија.
„Подготвен сум да направам се што треба да се направи. Има мисија што е во тек, но не е јавна. Кога ќе биде вистинското време, ќе ја откријам“, изјави папата Франциск.
Тој одржал средба со унгарскиот премиер Орбан за Украина и со митрополитот Иларион, претставникот на Руската православна црква во Будимпешта.
