Свет
Пукано врз турски авион за евакуација во Судан
01.05.2023 09:53
Авионот бил во мисија да ги евакуира турските граѓани заглавени во Судан.

Турското Министерство за одбрана потврди дека е пукано врз авион кој слета на аеродром во Судан, но дека нема повредени.
Авионот бил во мисија да ги евакуира турските граѓани заглавени во Судан.
Суданската војска претходно тврдеше дека силите за брза поддршка пукале во авионот, при што е повреден еден член на екипажот и оштетен авионот.
