Меѓународен ден на трудот

Џафери: Работничките права да бидат приоритет на општествените чинители

01.05.2023 10:01

Сакам да го изразам моето цврсто убедување дека 1 Мај не треба да не потсетува само денес, туку сите 365 дена од годината дека, градењето на рамноправно општество на рамноправни граѓани почнува од најобичниот човек, од најмалите работни места до највисоките, додава Џафери.

Работникот, работничките права и должности, нивната безбедност и заштита на работа, подеднакво валоризирање, почитување на секој еден од нив, мора да биде на врвот на приоритетите за секој од општествените чинители, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот.

Сакам да го изразам моето цврсто убедување дека 1 Мај не треба да не потсетува само денес, туку сите 365 дена од годината дека, градењето на рамноправно општество на рамноправни граѓани почнува од најобичниот човек, од најмалите работни места до највисоките, додава Џафери.

Обезбедувањето на пристојни услови за работа кои ќе ги мотивираат да се вложат најмногу што можат, ќе им даде чувство на припадност и грижа, чувство дека не го носат сами товарот на економските предизвици кои го обременуваат секојдневието од ден на ден се повеќе. Тоа влијае и на нивното физичко и ментално здравје кое се рефлектира и во семејствата како основни клетки на едно здраво општествено ткиво. Нека биде добро и праведно општество, нека биде грижливо и полно разбирање за сите. Само тогаш ќе имаме напредок и успех, како колектив, како држава и економија, нагласува Џафери во честитката.