Меѓународен ден на трудот

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците и граѓаните заслужуваат поголемо достоинство и грижа

01.05.2023 11:54

„Македонија последниве пет години живее во мизерија, работната сила се иселува, нема инвестиции, инфлацијата расте, цените скокакаат, државата е во долгови“, коментираат од партијата.

Овој 1-ви мај се одбележува во време кога се турка закон за зголемување на работната недела, со минимална плата што не се почитува и со кршење на работничките права, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија последниве пет години живее во мизерија, работната сила се иселува, нема инвестиции, инфлацијата расте, цените скокакаат, државата е во долгови“, коментираат од партијата.

Работниците и граѓаните заслужуваат поголемо достоинство и грижа, а тоа е единствено можно само преку силна, стабилна и економија кој ќе биде ослободена од притисокот на властите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека се потребни промени за посигурна иднина.