Партии

Устамитова: СДСМ го почитува и вреднува трудот на работниците

01.05.2023 12:03

Невработеноста ја намаливме за осум отсто, а обезбедивме и младински додаток на плата од 3.000 денари за млади до 23 години, вработени во производство, вели Устамитова.

СДСМ го почитува и вреднува трудот на работникот, се грижи и ги унапредува работничките права, велат од партијата.

Една од првите одлука веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ беше зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари и тоа за сите сектори. Со тоа ставивме крај на една дискриминирачка пракса, работничките од текстилната, кожарската и чевларската индустрија да добиваат пониска минимална плата, вели Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Невработеноста ја намаливме за осум отсто, а обезбедивме и младински додаток на плата од 3.000 денари за млади до 23 години, вработени во производство, вели Устамитова.

СДСМ преку договор со синдикатите, коморите и работодавците донесе законско решение со кое недела, за 95 отсто од работниците е ден за неделен одмор, а оние кои работат во дејностите кои се исклучок, добиваат значително повисоки дневници.

Мотивиран, задоволен работник е гарант за економски раст и напредок, затоа ние како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики кои ги унапредуваат работничките права и условите за работа, нагласува Устамитова.