Ердоган: Македонија ќе остане Македонија, Грција не е во право!
Тој порачал дека Турците и Македонците се браќа и дека Турција секогаш ќе стои зад Македонците...

Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган, на прес- конференција организирана од иселениците од балканските простори, изјави дека неговата земја секогаш ќе стои зад Македонија.
Тој порачал дека Турците и Македонците се браќа и дека Турција секогаш ќе стои зад Македонците. Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија, зашто Грција не е во право. Македонија секогаш ќе остане Македонија, изјави вчера на дебата пренесувана од Турската радио- телевизија , турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган.
„Тоа што сме го заборавиле во 1912 сега можеме да го поправиме“, рекол Ердоган според кого, Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името, но Турција секогаш ќе биде до Македонија и нема да дозволи да се менува името.
