Меѓународен ден на трудот

Да се почитуваат правата, порачаа синдикатите на првомајскиот протест

01.05.2023 14:38

Синдикатите порачаа – мора да се почитуваат правата, 40 часовна работна недела со максимални осум прекувремено. Повисоките плати за функционерите – трн во око за работниците. Се бара општ колективен договор во јавниот сектор и усогласување на платите со минималецот.

„Вратете ги парите“, „За вас 2.000 дневно, за работникот 2.000 месечно“, „Работниците се државата“, „Власта е слуга на капиталот“ – ова беа дел од паролите со кои Сојузот на синдикатите на Македонија излезе на првомајски протест. Се маршираше од зградата на ССМ до Владата, каде беа испратени пораки за заштита на работничките права. Зголемените функционерски плати, трн во око на работниците кои порачаа – нелогично е во време на инфлација да се укинуваат одредби од Законот за плати со кои се овозможува енормно зголемување на примањата на функционерите.

Синдикатите побараа достоинствени плати, 40 часовна работна недела со максимални осум часа прекувремено, општ колективен договор за јавниот сектор и К-15, усогласување на другите за плати со минималецот.

Синдикалците, работниците, граѓаните заеднички да се борат против оние кои сакаат да ги загрозат нивните работнички права – ваква порака беше испратена од првомајскиот протест.

Марина Стојанова-Тонева