Македонија

Утре нов обид за избор на наследник на Дамева

01.05.2023 15:34

За утре во 11 часот е закажана седница, на којшто треба да се избере нов претседател, откако во средата, на предлог на заменик-претседателот Селим Адеми, од функцијата со 7 гласа беше разрешена Весна Дамева. Токму гласањето беше оценето како незаконско и спротивно на процедурата.

По првомајскиот празник, нова рунда во Судскиот совет, институција којашто изминатава недела наиде на жестоки критики. Работата стигна дотаму да се бара оставка од сите членови на Судскиот совет.

За утре во 11 часот е закажана седница, на којшто треба да се избере нов претседател, откако во средата, на предлог на заменик-претседателот Селим Адеми, од функцијата со 7 гласа беше разрешена Весна Дамева. Токму гласањето беше оценето како незаконско и спротивно на процедурата.

Министерството за правда изрази загриженост, а власта предупреди дека дополнително се урива ионака ниската доверба во правосудството.

Многумина, разрешувањето на Дамева го поврзаа со барањето одговорност од апелацискиот судија Беџети, кој предметот за масовното прислушување го држеше во фиока.