Први мај

Популарните излетнички места полни со посетители

01.05.2023 16:17

Некои на протест, други на скара. Традиционално, многу граѓани го искористија убавото време за првомајски пикник во природа. Популарните излетнички места полни со посетители …

Меѓународниот ден на трудот годинава им се погоди на граѓаните. Поборниците на здравиот живот ги запоседнаа летниковците на Водно. Со друштво или со семејството, скопјани го искористија убавото време да излезат во природа.

Најупорните го освојуваа врвот на планината.

Се вртеше и скара. По течението на Маркова река, посетители од сите возрасти. Тука беа и оние на кои ова им е традиција, и млади кои ги следат стапките на возрасните.

Освен со протести, први мај традиционално се одбележува и со пикник. Излетничките места беа полни со посетители.

Наташа Јанчиќ Менковски