МНР
Во тек се активности за евакуација на осумчлено семејство на македонски државајани од Судан
01.05.2023 16:37
Од МНР велат дека се прават напори преку пријателски земји да се обезбеди евакуација на безбедна локација, од каде што потоа ќе бидат префрлени во земјава.

Осумчлено семејство од земјава се наоѓа во загрозено подрачје во Судан. Министерството за надворешни работи успеало да стапи во контакт со нив и да добие потврда дека се во добра здравствена состојба.
Од МНР велат дека се прават напори преку пријателски земји да се обезбеди евакуација на безбедна локација, од каде што потоа ќе бидат префрлени во земјава.
Четворицата наши државјани кои претходно беа евакуирани наскоро ќе пристигнат дома.
