Образование
Утре почнува електронското запишување на првачињата
01.05.2023 17:05
Се одвива преку порталот uslugi.gov.mk, со пополнување апликација, избор на училиште и прикачување на потребните документи, по што се одредува термин кога детето треба да дојде кај педагог.

Утре почнува електронското запишување ученици во прво одделение. Ќе трае до крајот на мај. Се одвива преку порталот uslugi.gov.mk, со пополнување апликација, избор на училиште и прикачување на потребните документи, по што се одредува термин кога детето треба да дојде кај педагог.
Условот е првачето да има наполнето шест години до крајот на календарската година, потврда за примени вакцини, за офталмолошки и стоматолошки прегледи.
