Убиен десеттиот албанец во Сирија

12.05.2014 12:38

Тој заминал за Сирија лани во јули, заедно со својата сопруга и трите деца, за директно да учествува во војната...

Шериф Таршани од селото Молари кај Елбасан, Албанија е десеттиот албански државјанин кој животот го загубил во Сирија. Веста за убиството на Таршани е потврдена и од члениовите на неговото семејство. Тој заминал за Сирија лани во јули, заедно со својата сопруга и трите деца, за директно да учествува во војната.

Таршани е официјално десеттиот албански државјанин кој загинал во Сирија. Вкупниот број на убиени Албанци од Балканот во Сирија не се знае, а официјално е потврдена смртта на триесет. Најмногу од жртвите, поточно 14 се од Косово, 10 се од Албанија, 4 од Македонија, а останатите од Прешевската долина.

Албанците од Балканот се припадници на движењето Исламска држава на Ирак.