Чај од коприва за подобрување на општата здравствена состојба
Чајот од коприва може да помогне и за ублажување на слабата циркулација на крвта. Чајот од коприва се покажал како ефикасен за личности кои често имаат проблеми со циркулацијата на крвта на рацете и нозете.

Копривата изобилува со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин и пантотенска киселина. За копривата често се вели дека, кога луѓето би сфатиле колку всушност таа корисна и лековита најверојатно во иднина би саделе само коприви. Всушност, сите нејзини делови (стеблото, листот, коренот и цветот) имаат одредени лековити својства.
Чајот од коприви се користи при лекување на болести на црниот дроб и жолчката, при пореметување на сонот, кај карцином на слезината, при грчеви во стомакот, чиреви, болести на белите дробови, и тн. Тој е благотворен и кај вирусни и бактериски инфекции и се смета дека е одличен лек и за чистење на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење, туберкулоза на белите дробови, бронхитис, воспаление на зглобовите, камен во бубрегот, зараснување на рани, против зрачење, слабокрвност, чир на желудникот, несоница, нервоза.
Чајот од коприви во кинеската медицина се користи за ублажување на различни тегоби, а денес се пие со цел да се подобри општата здравствена состојба.
Пиењето на чај од коприва може да ги ублажи симптомите на остеоартритисот.
Чајот од коприва може да помогне и за ублажување на слабата циркулација на крвта. Чајот од коприва се покажал како ефикасен за личности кои често имаат проблеми со циркулацијата на крвта на рацете и нозете.
Секојдневното консумирање на чај од коприва може да помогне за регулација на нивото на шеќер во крвта кај личности кои патат од дијабетес тип 2, а може да помогне и за да се намали потребата од земање на соодветна лекарска терапија.
Копривата содржи и значително количество на железо поради што е корисна во борбата против анемија. Оваа болест најчесто ги напаѓа децата, трудниците, адолесцентите и постарите лица, а недостигот на железо многу тешко се надоместува само преку исхрана.
Копривата ја намалува кашлицата и помага при астма, корисна е и многу помага при респираторни заболувања, особено при кашлица така што го намалува и исчистува секретот во белите дробови.
Катерина Стојановска Десковска
