Европа
Синдикатите во Франција повторно на улица против пензиската реформра
01.05.2023 18:00
Во дел од градовите, искршени излози од продавници, полицијата употреби солзавец. Реформата предизвика огромно незадоволство во земјата.

Првомајски протести во многу држави. Најжестоко во Франција, каде што синдикатите повторно излегоа на улица против пензиската реформа на претседателот Макрон и покачувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Во дел од градовите, искршени излози од продавници, полицијата употреби солзавец. Реформата предизвика огромно незадоволство во земјата. Милиони луѓе излегоа на улица, сметајќи дека им се загрозени работничките права.
