Свет

Конфликтот во Судан не покажува знаци на стивнување

01.05.2023 19:32

Армијата и паравоените сили за брза поддршка ги продолжијa борбите.

Стотици убиени, илјадници ранети. Конфликтот во Судан не покажува знаци на стивнување. Завојуваните страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот за прекин на огнот.

Армијата и паравоените сили за брза поддршка ги продолжијa борбите.

Конфликтот ескалираше на 15-ти април и принуди десетици илјади луѓе да заминат преку границите, дестабилизирајќи го регионот, што ги натера странските влади да ги евакуираат своите државјани.