Регион
Курти: Нема да дозволиме создавање на Република Српска на северот на Косово
01.05.2023 20:12
На средбата со Вучиќ во Брисел, закажана за 2 мај, треба да биде претставен нацрт-статусот на општините на северот на Косово, кои се со мнозинство Срби, што е клучна точка во преговорите.

Косовскиот премиер Курти пред новата рунда дијалог за нормализација на односите со Белград рече дека нема да дозволи создавање на Република Српска на северот на Косово.
На средбата со Вучиќ во Брисел, закажана за 2 мај, треба да биде претставен нацрт-статусот на општините на северот на Косово, кои се со мнозинство Срби, што е клучна точка во преговорите.
Србија очекува Приштина да го попречува процесот. Специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак, оцени дека утрешниот состанок е од исклучителна важност.
