Руско - украински конфликт
Над 100.000 жртви кај руските сили во Бахмут
02.05.2023 09:49
Повеќето руски војници се убиени во Бахмут, за кој Москва постојано тврди дека е на прагот на негово заземање...

Повеќе од 20.000 руски војници се убиени, а над 80.000 ранети во изминатите пет месеци во борбите во Украина, проценуваат американските разузнавачки служби. Повеќето руски војници се убиени во Бахмут, за кој Москва постојано тврди дека е на прагот на негово заземање.
Според Украина, пак, војската истуркала руски сили од некои позиции во Бахмут. Киев истакнува дека ситуацијата во Бахмут е доста тешка, но дека непријателот не е во состојба да ја преземе контролата врз градот.
