Брисел
Вучиќ и Курти на средба во Брисел
02.05.2023 09:50
Состанокот доаѓа во време на нови тензии по локалните избори во четири општини во северно Косово, кои беа бојкотирани од Србите...

Делегациите на Белград и Приштина, денеска во Брисел ќе разговараат за натамошното спроведување на мартовскиот договор од Охрид. Состанокот доаѓа во време на нови тензии по локалните избори во четири општини во северно Косово, кои беа бојкотирани од Србите.
Српската страна вели дека не очекува ништо, а косовската се надева дека тема ќе биде судбината на исчезнатите. Најголемиот спор останува заедницата на српски општини.
