Франција
Во Франција уапсен 291 демонстрант, повредени над 100 полицајци
02.05.2023 09:52
Неколку стотици илјади луѓе ширум Франција учествуваа на првомајските паради, кои беа обележани со протести на обединетите синдикати против пензиските реформи...

Најмалку 108 полицајци се повредени во Франција, од кои 20 во Париз, на протестите по повод меѓународниот ден на трудот. 291 лице е приведено низ целата земја, од кои 90 во главниот град. Неколку стотици илјади луѓе ширум Франција учествуваа на првомајските паради, кои беа обележани со протести на обединетите синдикати против пензиските реформи.
Овогодишниот празник на трудот успеа да собере поголем број луѓе од вообичаеното.
