Судан
УНХЦР: Над 800.000 луѓе би можеле да избегаат
02.05.2023 09:58
Според УНХЦР најмалку 73.000 луѓе пристигнале во земјите во близина на Судан...

Директорот на високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Филипо Гранди предупреди дека над 800.000 луѓе би можеле да побегнат од Судан поради конфликтот помеѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка што почна на 15-ти април.
Според УНХЦР најмалку 73.000 луѓе пристигнале во земјите во близина на Судан. Поголемиот број пристигнале во ЧАД и во Јужен Судан.
