САД

Америкаците следат уште еден непознат балон на небото

02.05.2023 10:13

Објектот прелетал над делови од Хаваите, но не поминал над „чувствителна“ област...

Американската војска следи мистериозен балон кој лета над американско тло. Не е познато што точно претставува и чиј е. Објектот прелетал над делови од Хаваите, но не поминал над „чувствителна“ област.

Американските власти не веруваат дека балонот е на Кинез, но сè уште работат на идентификување на сопственикот.

Инаку, Американците во текот на февруари соборија најмалку четири летечки објекти над нивната територија.