Култура

Изложба на фотографии на Влатко Рафески во КИЦ

02.05.2023 10:28

Рафески вели дека најголемиот дел од неговиот живот го поминал во природа и тоа е неговата најголема мотивација да фотографира. Фотографиите се во голем формат...

Утре, со почеток во 20 часот ќе биде отворена првата изложба на фотографии од фотографот Влатко Рафески во Културно – информативниот центар во Скопје. Ќе бидат претставени 20 фотографии од неговото десетгодишно творештво.

Рафески вели дека најголемиот дел од неговиот живот го поминал во природа и тоа е неговата најголема мотивација да фотографира. Фотографиите се во голем формат.

Изложбата ќе биде отворена до 15-ти мај.