Закажана седница на Судскиот совет, треба да се бира нов претседател
Заменик претседателот кој иницираше разрешување, не кажува дали Судскиот совет денеска ќе биде во полн состав за да избере нов претседател...

Судскиот совет денеска на седница закажана за 11 часот по вторпат ќе се обиде да избере нов претседател, откако во тензична атмосфера, од функцијата беше разрешување на Весна Дамева .
Заменик претседателот кој иницираше разрешување, не кажува дали Судскиот совет денеска ќе биде во полн состав за да избере нов претседател. Законот пак не предвидел дека е неопходно присуството на сите 13-мина членови, како што тоа го бараше Адеми кога во четвртокот го одложи изборот.
За период од пет месеци, Судскиот совет двапати менува претседател. Дамева ја разрешија колегите зашто ги нарушила меѓучовечките односи, а Црвенковска си поднесе оставка поради притисоци од „судска-бизнис“ елита.
