Литванската претседателка Грибаускаите води на изборите!

12.05.2014 12:51

Далиа Грибаускаите добила 46 отсто од гласовите, додека од вкупно седумте претенденти нејзиниот противкандидат Зигмантас Балкитис е на второто место со 14 насто...

Литванската претседателка Далиа Грибаускаите води во првиот круг од претседателските избори, но не ги освои неопходните 50 насто  гласови за победата, па ќе мора да ја потврди вкупната победа во вториот изборен круг на 25-ти мај, објави  изборната комисија врз основа на прелиминарните резултати од претседателските избори кои се одржаа вчера.
 
Далиа Грибаускаите добила 46 отсто од гласовите, додека од вкупно седумте претенденти нејзиниот противкандидат Зигмантас Балкитис е на второто место со 14 насто, па така тие двајца ќе се соочат во вториот круг на 25-ти мај на кој се очекува сигурна победа на досегашната претседателка.
 
„Гласањето покажа голема доверба“, изјави Грибаускаите и им се заблагодари на гласачите, повикувајќи ги на масовен одѕив во вториот круг.
 
Поранешната комесарка на Европската комисија за буџет, Грибаускаите во 2009-та стана првата жена претседател на Литванија, поранешната советска република којашто во 1990  прогласи независност.