Прилеп: Стабилен негувател за социо-емоционален развој на децата
Професионалната надградба, учење од секојдневните примери и соработката меѓу воспитувачите и негувателите ќе им помогнат за социо-емоционалниот развој на децата во градинките. Прво воспитувачите, а сега негувателите поминаа обука...

Соработката помеѓу воспитувачите и негувателелите ќе ги надмине сите препреки во воспитувањето и социо-емоционалниот развој кај децата во градинките, велат 40-тина негуватели од градинките во Прилепскиот регион кои поминаа обука за најсоодветно да им помогнат на најмладите.
Во шесте градинки во Прилеп се вработени 40 воспитувачи и 52 негувателки кои се грижат за преку 1.200 деца.
По воспитувачите, и негувателите ја поминаа обуката на професионална надградба за развој на децата во градинките. Заложба е на Министерството за труд и социјална политика, на Бирото за развој на образованието и на канцеларијата на УНИЦЕФ.
Елизабета Митреска
