Судскиот совет

Одложена седницата на Судскиот совет на која требаше да се избира нов претседател

02.05.2023 11:17

За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение, стои во денешното соопштение од Судски совет...

Одложена е денешната седница на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева.

– Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека 439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) во 11:00 часот се одлага. За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение, стои во денешното соопштение од Судски совет.

Причината за одложувањето засега е непозната.

Дамева беше разрешена од функцијата минатата средна после гласањето на членовите на Судскиот совет, иницирано од нејзиниот заменик Селим Адеми. Седум членови го поддржале заменикот.