мвр

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога

02.05.2023 11:22

При претрес во домот, во кој времено престојувал, во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана...

Вчера околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 24-годишниот Г.А. од Република Албанија. При претрес во домот, во кој времено престојувал, во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.