Сообраќај
МВР: 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол
02.05.2023 11:42
Вчера во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија...

Вчера во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 132 возачи. Од нив 34 на територија на СВР Битола, по 20 на територија на СВР Куманово, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
