Судски совет

Пропадна и вториот обид за избор на претседател на Судскиот совет

02.05.2023 12:11

Одложена седницата на Судскиот совет на која требаше да се бира заменик на доскорешната претседателка Весна Дамева. Не се соопштуваат причините за одложување на седницата...

По втор пат одложена е седница на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева. Нема најава кога ќе се одржи следната седница.

„Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека 439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) во 11:00 часот се одлага. За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение“, велат од Судски совет.

Во краткото соопштение не е наведена причината за одложувањето.

Весна Дамева беше разрешена неочекувано минатата среда на јавна седница на Судскиот совет. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за отстранување на Дамева од претседателското место.

Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“,

Случувањата во советот со разрешувањето на Дамева во јавноста се поврзаа со барањето одговорност од апелацискиот судија Енвер Беџети, кој предметот за масовното прислушување го држеше во фиока.

 

 

 

Марина Стојанова Тонева