Образование

Од денеска упис на првачиња за учебната 2023/2024 година

02.05.2023 13:12

Денеска почна електронското запишување ученици во прво одделение. Ќе трае до крајот на мај...

Денеска почна електронското запишување ученици во прво одделение. Ќе трае до крајот на мај. Се одвива преку порталот uslugi.gov.mk, со пополнување апликација, избор на училиште и прикачување на потребните документи, по што се одредува термин кога детето треба да дојде кај педагог.

Условот е првачето да има наполнето шест години до крајот на календарската година, потврда за примени вакцини, за офталмолошки и стоматолошки прегледи.