Црн бибер - зачин со многу здравствени придобивки
Тој е главен извор на магнезиум, железо, витамин К и растителни влакна. Исто така, има есенцијално масло, пиперин, кое, кога се користи за време на ароматерапијата, помага во олеснување на болките во мускулите, воспалителниот артритис и дигестивните проблеми...

Црниот бибер е одличен зачин со многу здравствени придобивки. Тој е главен извор на магнезиум, железо, витамин К и растителни влакна. Исто така, има есенцијално масло, пиперин, кое, кога се користи за време на ароматерапијата, помага во олеснување на болките во мускулите, воспалителниот артритис и дигестивните проблеми. Црниот пипер содржи диетални влакна со мали количини на протеини и јаглехидрати. Содржи пиперин кој го стимулира лачењето на хлороводородна киселина.
Ја зајакнува функцијата на мозокот. Ја ублажува кашлицата и настинката. Мешавина од црн пипер и лажичка свеж мед може да формираат природни лекови за настинка и кашлица. Црниот пипер ја овозможува и циркулација на крвта.
Црниот пипер лекува и одредени здравствени состојби како забоболка и болки во ушите.
Црниот пипер содржи антиоксиданси и антибактериски својства кои помагаат во одржување на мазна и чиста кожа.
