Одржано државното првенство, Неделковска уште 4 години на чело на КБФМ
Викендов Кик боксинг федерацијата на Македонија имаше серија значајни активноти и на организациски, и на спортски план. Најпрвин на годишното собрание делегатите на нашите клубови ја избраа досегашната претседателка на КБФМ Александра Неделковска да ја води федерацијата и во наредниот четиригодишен период. Кик боксот во Македонија има голема експанзија и со години наназад нашите претставници редовно се враќаат со медали од најзначајните меѓународни натпреварувања, а како резултат на тоа Македонија има и актуелен двоен светски шампион во Димитар Ѓорѓиев.

Викендов Кик боксинг федерацијата на Македонија имаше серија значајни активноти и на организациски, и на спортски план. Најпрвин на годишното собрание делегатите на нашите клубови ја избраа досегашната претседателка на КБФМ Александра Неделковска да ја води федерацијата и во наредниот четиригодишен период. Кик боксот во Македонија има голема експанзија и со години наназад нашите претставници редовно се враќаат со медали од најзначајните меѓународни натпреварувања, а како резултат на тоа Македонија има и актуелен двоен светски шампион во Димитар Ѓорѓиев. Исто така, КБФМ е единствена во нашата држава која покрај редовните првенства и традиционалните турнируи, досега ги организирала двата најголеми настана, Светското првенство во 2011 година и Европското во 2006 година, што е особено важно за позициите кои овој спорт ги има во меѓународни рамки.
На спортски план, во спортскиот центар ,,Ново Лисиче “ во Скопје се одржа државно сениорско првенство, со техничка организацијана клубот ,,Гладијатор“ од Скопје.Учестуваа 94 спортисти од 18 клубови од земјава,кои се натпреваруваа во неколку дисциплиниво кик бокс спортот. Во продолжение се остварените резултати на победниците :
Лоу кик
1место -60kg Стефка Јанковска - “Зан Шин“ Битола
1место -60кг Љупч Коцев -“Гладијатор“ Штип
1 место -67кг Борче Тировски - “Зан Шин“ Битола
1 место -71кг Слободан Керамичиев -“Про кикфемили “Скопје
1 место -75кг Јане Јаневски - “Фајт Тим“Скопје
1 место -81кг Димитар Ѓеоргиев -“Гладијатор“Неготино
1 место -86кг Стојанче Цветковски клуб Адреналин Скопје
1 место -91кг Виктор Ѓоргиевски клуб Адреналин Скопје
1 место +91кгАлександар Димовски -“Самурај“ Битола
Лајт контакт
1место-55 kg Елена Костадиновска -“Гладијатор“ Скопје
1место-60kg Анисија Павловска -“Гладијатор“ Скопје
1 место -79кг Андов Илија -“Будоклуб“ Велес
Поинт фајт
1местo -65 kg Дарко Рунчев -“Гладијатор“Штип
Кик Лајт
1место -63кг Стефка Јанковска - “Зан Шин“ Битола
1место -74кг Марија Костовска - “Адреналин“ Скопје
1место -63,5kgВиктор Дуковски - “Фајт Тим“ Скопје
1 место -65kg Игор Павловски -“Гладијатор“Скопјe
1 местo -74kg Благојче Петрушевски - “Гладијатор“Скопје
1 место -79kg Владимир Кузевски -“Водно кик“Скопје
1 место -84kg Јасин Адеми -“Тетова“ Тетово
1 место-89kg Климент Гроздановски - “Каринг“ Скопје
1место -91кг Никола Петрушевски - “Куманово 2006“ Куманово
1место +91кг Филип Митровски - “Гладијатор“ Скопје
Дисциплина Фул контакт
1место -67кг Анастасиев Тодор -“Будо“ Кавадарци
1место -71кг Драган Јорданов -“Про кик фемили“Скопје
1 место -75кг Кристијан Лазов -“Будо“ Велес
