Бугарските обвинители и судии на протест по обидот за атентат на обвинителот Иван Гешев
Обвинители, истражители и судски службеници протестираа пред судовите низ Бугарија. Револтирани се од обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев...

Обвинители, истражители и судски службеници протестираа пред судовите низ Бугарија. Револтирани се од обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев.
Целта на мирниот протест, како што се наведува, е да се покаже единство против обидите за нивно заплашување.
Главниот секретар на бугарското МВР, изјави дека е формиран штаб во кој покрај учествуваат и претставници на Државната агенција национална безбедност.
Според информациите од истрагата, пред автомобилот во кој се наоѓале Иван Гешев и неговото семејство вчера претпладне била активирана експлозивна направа. Во експлозијата нема повредени.
