САД

„Кумот на вештачката интелигенција“ даде отказ од „Гугл“

02.05.2023 14:39

Врвниот експерт во американскиот технолошки гигант „Гугл“ Џефри Хинтон познат како кум на вештачката интелигенција даде отказ од своето работно место...

Врвниот експерт во американскиот технолошки гигант „Гугл“ Џефри Хинтон познат како „кум“ на вештачката интелигенција даде отказ од своето работно место.

Предупреди дека технолошките претпријатија во обид да ја надминат конкуренцијата со „опасно темпо“ развиваат нови форми на вештачка интелигенција, преку што се шират дезинформации и се доведуваат во опасност работни места.

На крајот на март милијардерот Илон Маск и бројни експерти апелираа да се направи пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција.