Маричиќ – Росвал: Политичкиот момент за проширување на ЕУ постои, да се искористи
Најважно е земјава да се задржи на евроинтегративниот пат, заеднички став на вицепремиерот Маричиќ и шведската министерка на за ЕУ и Нордиска соработка Росвал. Шведска континуирано дава поддршка на европскиот пат на Македонија и има голема улога во напредокот на реформската агенда, заедничка оценка Маричиќ и Росвал. Шведската министерка која е во посета на земјава – на средба и со претседателот Пендаровски и со претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ...

Евроинтегративниот процес и билатералната развојна помош од страна на Кралството Шведска за Македонија, теми на средбата меѓу вицепремиерот за економски прашања Бојан Маричиќ и шведската министерка за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал. Таа посочила дека Шведска продолжува да дава континуирана поддршка за европскиот пат на Македонија, но дека домашните останува домашните задачи и обврски кои произлегуваат од преговарачката рамка да ги спроведеме успешно, со заеднички консензус околу прашањето за европската перспектива на земјата. Нагласила и дека треба да се искористи политичкиот моментум за проширувањето на Унијата и да се направи нов исчекор. Според вицепремиерот Маричиќ посетата на Росвал за време на шведското претседавање со Советот со Европската унија е од голема важност за нас.
„Шведска е наш вреден партнер, политички, развоен и финансиски поддржувач на патот кон ЕУ. Постојаната поддршка што Шведска ја дава на нашата држава во евроинтегративниот процес ја докажува важноста на сојузништвото и партнерство меѓу двете земји“, посочи Маричиќ на средбата.
Во рамките на посетата, Росвал се сретна и со претседателот Пендаровски. На неа, Пендаровски изразил благодарност за доследната политичка и финансиска поддршка од Кралството Шведска за Македонија. Росвал оствари и средби со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи и со претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Марија Котовска
