Фудбал

Македонските фудбалерки против Бугарија и Косово во Лигата на нации

02.05.2023 15:12

Македонската женска А-репрезентација на извлекување во УЕФА ги дозна противниците во групата за премиерното издание од Лига на Нации во женска конкуренција...

Македонската женска А-репрезентација на извлекување во УЕФА ги дозна противниците во групата за премиерното издание од Лига на Нации во женска конкуренција.

Нашите најдобри фудбалерки на ждребот во Нион добија „соседска“ група, односно за првото место во групата ќе се соочиме со селекциите на Бугарија и Косово.

Репрезентацијата предводена од селекторот, Кирил Изов е во Ц сегментот во Лига на Нации, а денешното извлекување реши да биде дел од единствената група што ја сочинуваат само три селекции.