Шестмина кандидати за ректор на УКИМ
Универзитетската изборна комисија утре на состанок треба ја утврди листата на кандидатите кои ќе влезат во трка за прв човек на најстариот и најголем универзитет во земјава.

Шест кандидати се пријавиле за ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за изборите што ќе се одржат на 30-ти мај.
Според конкурсниот рок за доставување кандидатури во Архивата на УКИМ, денеска до 16 часот, биле примени пријавите на шест професори од скопскиот универзитет. Универзитетската изборна комисија утре на состанок треба ја утврди листата на кандидатите кои ќе влезат во трка за прв човек на најстариот и најголем универзитет во земјава.
Гласањето на факултетите ќе се спроведе на 30-ти мај кога се очекува да биде избран новиот ректор на УКИМ. Тој треба да го наследи актуелниот, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој оваа функција ја извршуваше во два мандата.
