Европа

Во акција на Европол уапсени 288 лица за илегална трговија на „дарк веб“

02.05.2023 19:25

Запленети се над 50,8 милиони евра во кеш и во виртуелни валути, 850 килограми дрога и 117 парчиња на огнено оружје. Полицијата ја откри и ја блокирше нелегалната платформа „Монопол Маркет“.

Во координирана операцијата на Европол со кодно име „СпекТор“, уапсени се 288 лица осомничени за купување или продавање дрога на т.н. дарк веб.

Запленети се над 50,8 милиони евра во кеш и во виртуелни валути, 850 килограми дрога и 117 парчиња на огнено оружје. Полицијата ја откри и ја блокирше нелегалната платформа „Монопол Маркет“.

Апсењата се случија во САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Австрија, Франција, Швајцарија, Полска и во Бразил.