Свет

Ракетен напад врз Израел

02.05.2023 19:56

Ракетите паднале на отворен простор, израелските лекари известија за тешко повреден 25-годишен маж.

Екстремистите од Појасот Газа истрелаа неколку ракети во правец на Израел, веднаш по објавувањето на веста за смртта на затвореник, кој Палестинците го нарекуваат херој.

Ракетите паднале на отворен простор, израелските лекари известија за тешко повреден 25-годишен маж.

Палестинците повикаа на генерален штрајк на Западниот Брег и Појасот Газа, а протестите веќе предизвикаа судири во градот Рамала.