Свет
САД: Загинати и повредени по верижен судар во Илиноис
02.05.2023 20:24
По несреќата, автопатот беше затворен во двете насоки. Според полицијата, при големиот судир некои од возилата се запалиле.

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени откако бура од прашина предизвика судири меѓу десетици возила на главен автопат во Илиноис, САД.
По несреќата, автопатот беше затворен во двете насоки. Според полицијата, при големиот судир некои од возилата се запалиле.
По нормализирање на времето, меѓудржавниот автопат е повторно отворен за сообраќај.
