Воен конфликт
Украина: Ситуацијата во Бахмут и натаму најтешка
02.05.2023 20:45
Повеќето руски војници се убиени во Бахмут, за кој Москва постојано тврди дека е на прагот на негово заземање.
Над 20 илјади руски војници се убиени, а над 80 илјади ранети во изминатите пет месеци во борбите во Украина, проценуваат американските разузнавачки служби.
Повеќето руски војници се убиени во Бахмут, за кој Москва постојано тврди дека е на прагот на негово заземање.
Киев истакнува дека ситуацијата е доста тешка. Украинскиот претседател изрази сочувство за загинатите во најновите руски напади врз земјата. Рече дека биле соборени 15 проектили, но призна дека не биле во можност да ги пресретнат сите напади.
