Експлозија на бомба во куќа во скопско Радишани

12.05.2014 14:04

Едната експлодирала и го оштетила покривот на куќата, другата не била активирана...

Неколку минути пред полноќ во куќата на семејството Закири во Радишани, биле фрлени две бомби. Едната експлодирала и го оштетила покривот на куќата, другата не била активирана.

На терен веднаш интервенирала екипата за антитероризам. Полицијата го истражува случајот.

Пред неколку недели пред истата куќа се случи тепачка во која беа инволвирани повеќе лица кои заработија прекршочна пријава, а еден кој се обиде ситуацијата да ја реши  со возило, заработи кривична пријава.