Временска прогноза

Променливо облачно со врнежи од дожд

03.05.2023 07:59

Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, уште од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи понекаде и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, краткотрајно пороен и со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 17 степени.