Македонија

Конференција „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“

03.05.2023 08:18

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“, што ќе се одржи во Скопје во организација на Претседателскиот центар за политичко образование...

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“, што ќе се одржи во Скопје во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, на конференцијата обраќање ќе има и Кристофер Хил, амбасадор на САД во Република Србија и поранешен американски амбасадор во нашата држава, ќе присуствуваат директорите во земјата на партнерските фондации на Претседателскиот центар за политичко образование, членовите на Програмскиот совет и Алумните на Школата за политики.