Собрание

Седница на собраниската Комисија за надворешна политика

03.05.2023 08:55

Собраниската Комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која на дневен ред треба да се разгледаат неколку ратификации...

Собраниската Комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која на дневен ред треба да се разгледаат неколку ратификации.

На дневен ред се ратификации на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на полето на трудот, 2019 (C 190), на договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за учество на Република Северна Македонија во „Царините“ Програма на Унијата за соработка во областа на царините, на Протоколот за изменување и дополнување на Договорот помеѓу Страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила, како и на Договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан.