Здравство

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии

03.05.2023 08:55

Пациентите со цистична фиброза денес ќе протестираат во 12 часот пред Министерството за финансии...

Пациентите со цистична фиброза денес ќе протестираат во 12 часот пред Министерството за финансии.

Тие бараат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ и со законските измени за побрза набавка на лекот.

Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар во изјава за медиуми претходно појасни дека протестот ќе биде пред Министерството за финансии, затоа што сметаат оти доколку се обезбеди буџетот, работите ќе бидат многу побрзи.