Собрание

Претставници на Демократско партнерство на Конгресот на САД во посета на Собранието

03.05.2023 09:05

Претставници на Демократско партнерство на Конгресот на САД денеска ќе го посетат Собранието, а главна тема на разговорите ќе биде подобрување на фискалната контрола и буџетскиот надзор во Република Северна Македонија...

Претставници на Демократско партнерство на Конгресот на САД денеска ќе го посетат Собранието, а главна тема на разговорите ќе биде подобрување на фискалната контрола и буџетскиот надзор во Република Северна Македонија.

Тие ќе остварат средби со претседателот на Собранискиот Буџетски совет Горан Мисовски, со претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојановски, како и со заменик-генералниот секретар на Собранието Бојан Василевски.

Во Парламентарниот институт тие ќе присуствуваат на презентација на буџетскиот процес и механизмите за надзор во Собранието на Република Северна Македонија, а потоа ќе биде презентиран и буџетски процес и надзор од контекст на САД – Механизми и клучни двигатели на ефективен надзор од буџетскиот процес.