Македонија

Конститутивна седница на работната група за изборни реформи

03.05.2023 09:15

Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи конститутивна седница на работната група за изборни реформи формирана од Министерството за правда...

Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи конститутивна седница на работната група за изборни реформи формирана од Министерството за правда, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно да работи и на нов Изборен законик.

Од Министерството за правда веќе најавија дека ќе присуствуваат претставници на сите партии кои го најавија своето учество освен ВМРО-ДПМНЕ.

-Изборниот законик треба да стапи во сила најмалку шест месеци пред изборите за да можат институциите да се подготват непречено да ги спроведуваат промените. Во последниот извештај за предвремените парламентарни избори, Специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР јасно стави до знаење дека сè уште има голем број прашања во законската рамка за изборите што треба да се решат. – велат од Министерство за правда.